Зошто Македонија најбавно напредува од целиот регион на економски план?!

Македонија најспоро напредува од цел регион. Според Извештајот кој беше презентиран на самитот 2025 речиси сите мерења покажале оти земјава е на дното во однос на земјите од регионот или во споредба со новите членки на ЕУ. 



  • Првичната идеја на основањето на самитот дека Македонија до 2025 година ќе влезе во ЕУ и НАТО како економска развиена држава, тешко дека ќе се реализира .Идејата била до 2025 да станеме развиена земја членка на НАТО и ЕУ и затоа биле поставени таргети до колку биде нашиот животен стандард. Тоа не е постигнато, таргетите се ревидирани. Покажав дека имаме напредок, тој напредок не е доволен. Се надевам на Владата и на целата земја, рече Никица Блажеска Мојсовски, извршен директор на МК 2025.

И последниот извештај на Светска банка не дава надеж дека економски ќе напреднеме. Намалена е проекцијата за раст, инфлацијата нема да попушти, а јавниот долг е на загрижувачко ниво. Премиерот Ковачевски, детално го прочитал извештајот и вели нормално било во време на криза Светска Банка да ги намалува проекциите, тоа се случило и лани. За Ковачевски е добро што сме држеле добар кредитен рејтинг.

  • Во услови на криза и минатата година и ММФ и Светска банка и други институции ги менуваат често стапките на економскиот раст. И минатата година и предминатата година го правеа често тоа. Мене ме радува тоа што кредитниот рејтинг на државата е со подобар рејтинг, рече Ковачевски.

Инаку, годинашниот самит е 12 по ред и е во докус на општествената трансформација, дигитализација и стратешкоко лидерство. Предвидено е во вкупно 13 панели искуствата да ги споделуваат 40 говорници.