Само два часа по породувањето во битолската болница почина уште едно бебе, објави А1 он.
Како што пишува порталот мајката која има 24 години ова и била прва бременост била примена во болницата со породилни болки, а во текот на бременоста немала никакви проблеми и имала нормален тек на бременоста.
Родилката од Битола се уште чека отпусна листа и обдукција за починатото бебе
Лекарите тврдат дека станувало збор за исклучително тешко породување и дека состојбата на бебето била уште веднаш многу сериозна.
И покрај напорите за реанимација бебето починало по само два часа.
Со случајот е запознаен и министерот за здравство кој веќе разговарал и со мајката и со лекарите и најави испитување на случајот.







