Бехтел и Енка ќе добијат 178 милиони евра од владата само за април, без пеналите

Експерти на ВМРО-ДПМНЕ темелно го анализирале договорот што го добиле од свиркач и дошле до фрапантни сознанија кои власт на СДСМ и ДУИ ги крие од јавноста.



Според анализата која денеска на брифинг во партијата е доставена до медиумите владата со договорот со Бехтел и Енка се обврзала само во текот на април да плати вкупна сума од 178 милиони евра.

Според анализата владата треба да испалти 50 милиони евра по основ на аванс а во оваа сума од 178 милиони евра само за април не влегуваат пеналите од 53 милиони евра за непромена на законот за работни односи.

Дополнителни 70 милиони евра за време на изградбата владата прифатила да плати без разлика дали ќе биде сменет законот со кој би се дозволило наместо 40 работниците да можат да работат 60 часа неделно.

Заедно со пеналите по неколку основи владата до крај на април на Бехтел и Енка треба да и префрли речиси 300 милиони евра.

Поврзана вест

Наспроти спиновите во дел од јавноста

ВМРО-ДПМНЕ не гласала за ниту еден закон за Бехтел и Енка, бара да се праша ЕУ за скандалозниот договор

Се до Ковачевски и Груби Македонија била заштитена од должничко ропство https://www.expres.mk/skandalozniot-dogovor-so-behtel-i-enka-bil-nuden-na-povekje-vladi-od-1999-duri-ni-zaev-ne-go-prifatil/