Автопатиштата веќе не може да ги сопре никој и ништо, но доколку пратениците одлучат спротивно, проектот ќе трае многу по долго и ќе чини многу повеќе.
Дафина не му верува на Артан: Или глуми чесен или се изигрува народот…
За дневна несфатлива политика на блокади во Собрание, граѓаните ќе треба да почекаат уште неколку години за да возат по автопат и ќе плаќаат милиони евра безпотребни дополнителни средства наместо со тое средства да се градат училишта, болници, градинки, гасоводи, железници, други автопатишта.“, стои во соопштението на ДУИ, пренесува ТВ21.
Во партиското соопштение интегративците ја поздравуваат поддршката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за изградбата на коридорите 8 и 10Д.
„Демократската Унија за Интеграција ја поздравува поддршката на ВМРО ДПМНЕ за изградбата на коридорите 8 и 10-Д искажана од страна на Христијан Мицкоски“, стои во соопштението во кое уште се вели:
„Процесот до потпишување на договорот за изградба на коридорите помеѓу Владата и конзорциумот Бехтел и Енка трае веќе повеќе од две години и во јавниот процес беа вклучени сите.
Договорот е обврска која што пратениците едногласно ја усвоија и обврзаа Владата да постапи“…






