И последната шефица на Сорос Македонија ,,бега” од потписникот на Преспанскиот договор

Последната директорка на Сорос Македонија пред да биде затворена канцеларијата на оваа фондација негира дека таа и нејзината нова организација имаат нешто со потписникот на Преспанскиот регион.



Екс директорката на Сорос Фани Каранфиловска и движењето Шанса за Центар со остри деманти се оградуваат од каква било поврзаност со движењето на Никола Димитров, по веста која ја објави Новатв (на Џабир Дерала) дека екс-министерот Димитров прави движење во кое ќе учествуваат и тие.

Фани Каранфилова-Пановска, која беше спомната во контекст на иницијативата на Никола Димитров, во текстот на НоваТВ „Никола Димитров ги собира незадоволните од СДСМ: Политички кам-бек или тест на можностите?“, остро реагираше до порталот на Џабир Дерала и ја демантираше таа информација, притоа порачувајќи дека воопшто не била контактирана за прашање.

Со демант се јавија и од иницијативата “Шанса за Центар”:

,,Ние како граѓанска иницијатива “Шанса за Центар” и како советници не влегуваме во никакви партии. Како и на почетокот на мандатот кога ги поканивме сите партии во Центар со цел да најдеме заеднички точки на соработка остануваме отворени за соработка со сите иницијативи, движења и организации со кои делиме заеднички вредности или низ работата наоѓаме заеднички цели. Нашато борба и нашите цели остануваат непроменети, како и вредностите за кои се залагаме и кои ќе ги истакнеме и на настанот”, велат од Шанса за Центар.