„„Една земја – членка – Бугарија не е посветена на своите обврски како членка на Советот на Европа. Бугарија со години одбива да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права.



Човековите права во Европа не се тринасочна улица, тоа е еднонасочна улица! Националните уставни судови, како и Судот на правдата на ЕУ, мора да бидат во согласност со Европскиот суд за човекови права, како најважен европски суд за заштита на човековите права“.

Ова го изјави пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски пред Советот на Европа од каде истакна дека Бугарија со години одбива да ги спроведе 16-те пресудите на Европскиот суд за човекови права поврзани со Македонците во Бугарија.

Има 16 пресуди на Судот поврзани со Македонците во Бугарија кои не се спроведуваат. На Македонците им е забрането да го користат и да го учат својот мајчин јазик, ограничено им е на правото на собирање, како и учество на избори.

Овие пресуди мора да се спроведат! Националниот устав и судовите на Бугарија не можат да бидат над пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Кога домашните институции не успеаја да ги заштитат човековите права на Македонците во Бугарија, тие го гледаат Стразбур како своја надеж за почитување на основните човекови права“ рече во обраќањето Николовски.

Бугарите се многу гласни за случаи надвор од границите на нивната земја, но со години не спроведуваат ниту една пресуда на Судот. Ова не е прифатливо, потенцуираше Александар Николоски.