Запленетото овошје и зеленчук од вчерашната акција на Кванаташкиот пазар од страна на ДПИ, Агенцијата за управување со одземен имот, Управата за финансиска полиција и МВР ќе биде донирано на Домот за деца без родители „11 Октомври“, затворот „Идризово“, Државното училиште за рехабилитација за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“, Психијатриската болница „Скопје“, Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле…



Ова го соопштија од Агенцијата за управување со одземен имот по вчерашната заедничка акција со ДПИ, Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Изразуваме благодарност до сите надлежни институции за дадената поддршката и цврстиот став за решавање на проблемот со високите цени на производите. Се работи за доброто на граѓаните и секое заобиколување на законите ќе се санкционира, затоа што системот мора да функционира во целост со доследно почитување на законските прописи“, велат од Агенцијата за управување со одземен имот.