Арсовска се „збратими“ со негатор на геноцидот во Сребреница?!

Вчера медиумите објавија дека Скопје ќе се збратимува со Бања Лука. Имено, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на АТП-турнирот Српска опен во Бања Лука се сретна со градоначалникот Драшко Станивуковиќ.



Арсовска официјално соопшти дека на покана на градоначалникот на Бања Лукa, Драшко Станивуковиќ, се одржал официјална работна средба, на која се разговарало на повеќе теми за меѓусебна соработка на двата града, размена на искуства, како и за отпочнување конкретна соработка. Била покрената и иницијатива за збратимување на двата града.

Порталот Република, во критичката белешка за посетата на скопската градоначалничка Данела Арсовска на градот Бања Лука со остри критики за дружбата на градоначалничката на Скопје со градоначалникот на Бања Лука.

Знае ли сестра Данела кој е брат Станивуковиќ?. Ќе се збратимува со негатор на геноцидот во сребреница?“ – Стои во објавената вест.

Република потсетува дека Станивуковиќ Црногорците ги нарекол измислен народ, а во БиХ го нарекуваат „четник“, „негатор на геноцидот“ и „полош националист од Додик“. Тој не дозволи да се организира геј-парада во Бања Лука, со образложение дека е Србин и православен, како и дека „геј парадата не е во духот на нацијата на која ѝ припаѓа“.