Премиерот Ковачевски е горд што расте интересот за бизнисот за кој неговата сопруга доби евтина земја од владата.
Тој вели дека е горд за тоа што државата потроши стотици милиони евра за набавка на струја при што институциите простија 14 милиони евра за добавувачи на струја.
Ковачевски во постот вели дека е горд но не зборува за бизнисот за кој неговата сопруга со потпис на вицепремиерот Артан Груби доби можност да купи државно земјиште за 70 денари за еден квадрат за фотоволтаици.
,,Грејната сезона 2022/2023 во услови на најголемата светска енергетска криза успешно ја завршуваме.
Го зголемивме домашното производство на струја и не дозволивме ценовен шок. Расте интересот за инвестиции во обновливи извори на енергија.
Ви честитам и горд сум на овие резултати!”, пишува Ковачевски.
Во коментарите меѓу другите реакции тој добива изјава од претседателот на Стопанската комора на Македонија според која премиерот не само што не треба да е горд туку треба да се срами за тоа што го направиле тој и неговата влада во енергетскиот сектор.





