Путин нема двојник за јавни настапи, тврди Кремљ

„Веројатно сте слушнале дека Путин наводно има многу двојници кои работат за него додека тој седи во бункер. Тоа е уште една лага твртди портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.



„Гледате каков претседател имаме. Беше и сè уште е мега активен. Ние што работиме со него тешко можеме да останеме во чекор со него“, додаде тој.

Дењмантот од Песков уследи по повторените сугестии дека Путин всушност има некој што се појавува на негово место во јавноста.

Последните обвинувања се појавија откако беше објавено дека Путин отпатувал во Украина за да ги посети воените зони под руска окупација.

„Тоа не беше вистинскиот Путин“, рече минатата недела Олексеј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност на Украина.

Тогаш Кремљ го отфрли неговото тврдење. Нема докази дека двојникот се појавува на официјалните средби на Путин.