Косово вчера ја мина првата формална фаза на приклучување кон меѓународното тело за човекови права со седиште во Стразбур, Советот на Европа.



Министерскиот комитет на Советот на Европа одлучи, со гласови на две третини од земјите-членки, барањето за членство на Косово да го проследи до Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Зелено светло дадоа 33 земји. Земјите од регионот кои ја поддржаа оваа одлука се Црна Гора, Словенија, Македонија, Хрватска и Албанија, пренесе Еуроактив

Против гласаа Унгарија, Романија, Кипар, Шпанија, Азербеџан, Грузија и Србија.

Воздржани беа БиХ, Грција, Словачка, Молдавија и Украина, додека Ерменија не гласаше.-