Националната федерација на фармери (НФФ) побараа да се забрани увоз на пченицата за, како што рекоа, да може да се откупи домашното производство.
Земји од ЕУ не сакаат повеќе украинско жито, ние ќе увезуваме
Член на Управен одбор на НФФ Мемет Синани, истакна дека оваа година имаат проблем со откупот на пченицата и на земјоделците им стојат околу 10.000 тони неоткупена пченица и покрај тоа што цената е падната
Синани вели вели, дека и ова количина не се откупува и апелира за помош од Министерството за јоделство, шумарство и водостопанство.
„Тоа значи да се забрани увоз на пченица за да може да се откупи нашата пченица. Другиот дел е за субвенциите. Оваа година почна новиот модел на субвенционирање. Ќе видиме како ќе излеземе на крај. Тоа е 30 отсто однапред даден аванс, така рече министерот.
Еве во тек е сеидбата на пченка и на други култури, а тие 30 отсто не се дадени.“
Тој потенцира дека тие побарале уште пред неколку години откупот на пченица за стокови резерви да почне од денот кога почнува жетвата во нашата земја и да се откупи од нашите производители, а не од странство, пренесе Канал 5.






