Дури, 78.07 % од анкетираните во испитувањето на јавното ммислење што минатата недела го спроведе „Слободен печат“ се изјаснија со „ДА“ на прашањето „дали Владата треба да го објави договорот за изградба на Коридорите 8 и 10д со компанијата „Бехтел и Енка“?.



Со „НЕ“ гласаа 21.93 од анкетираните, објави „Слободен печат“.

Пратеници од опозицијата инсистираат власта да го објави документот и изнесуваат детаљи, а СДСМ обвинува дека тие шират лажни вести.

Премиерот Димитар Ковачевски минатата недела изјави дека 51 отсто од работите, според договорот со „Бехтел и Енка“ треба да се изведат од страна на македонски изведувачи.