Невзат Елези, од Здружението на албански лекари алармира дека во тетовската болница работат само 4 психијатри, од кои еден пред пензија и дека четворица психијатри за 200 илјади жители е исклучително мала, особено во ова време по пандемијата кога потребата за консултации и психијатриски третмани е огромна.
„Има многу болести кои деновиве со ваквата динамика на животниот стил, имајќи го предвид минувањето на пандемијата, со несоницата, со невидливата бучава и со сообраќајаот во тетовското предградие, сметам дека нема здрав пациент во однос на психијатриски потреби. На сите ни е потребен психијатр, не за лекување, туку за консултација”, вели Невзат Елези, за Алсат.
Според него, недостатокот на психијатри е поврзан со малиот интерес кај младите луѓе за специјализација во оваа област.







