Екс министерот за финансии Џевдет Хајредини по десетти пат го поставува истото прашање до премиерот Ковачевски кое е поврзано со аферата Дојче Телеком во која менаџери на тогаш Маѓар Телеком подмирување македонски функционери за да останат монопол на пазарот.
,,Дали и кога Владата мисли од Македонија да го избрка ТЕЛЕКОМ, затоа што е познато дека нивни менаџери подмитувале некогашни и сегашни високи политичари и државни функционери на нашата земја”, прашува Хајредини кој забележува дека премиерот
Ковачевски не одговара на ова прашање, иако прво за заменик министер, а потоа и премиер на Владата (дали случајно?), дојде токму од оваа коруптивна компанија, во која бил на раководни функции.
Хајредини се надева дека Ковачевски не мисли дека на прашањето одговорил кога вели: “Благодариме што нè контактиравте. Ја примивме вашата порака и го цениме што се јавивте”.
,,Неслучајно, и Зоран Заев, при една средба во својот кабинет, на актуелните директори на МАЃАР ТЕЛЕКОМ им вети “искрена соработка” на Владата и во иднина, исто како во минатото.
Заев пред да замине изјави дека во Македонија нема корупција во првиот и вториот ешалон, туку само во пониските ешалони”, порачува екс министерот.
,,Компанија која ги корумпира државните функционери, како што е случајот со ТЕЛЕКОМ, од каде Вие сте дојдени, не може да биде “препознатлив бренд”, како што, од само на Вас познати причини, така ја нарекувате”, вели Хајредини.
Ковачевски од нему познати причини молчи како што молчи и генералниот директор на Телекомот Љушев кој лани јавно призна кривично дело направено во компанијата што ја води за кое засега се уште никој не го гони.






