Тренд на камуфлирање на исламистичка агенда од Македонија се шири во Албанија и Косово

Екс амбасадорот и политички аналитичар Арсим Зеколи забележува дека традиционални национални симболи на Албанците се злоупотребуваат за криење на исламистички идеи во регионот каде живеат Албанци.



Според него се работи за измама.

,,Трендот што започна во Македонија сега се шири и во Косово и во Албанија. Трендот на крадење типични национални атрибути (Беса, Дарданија, Илирија) е за камуфлирање на исламистичката агенда. Од презирот на „илиро-пелазгискиот народ“ до искористувањето на „илиро-пелазгиските термини“. Типична измама”, смета Зеколи.