„Евидентна бесрамност, лицемерие и нехумано однесување е кога денес ДУИ, поделена одвнатре, ја обвинува ВМРО „дека е ориентирана против Албанците, против Коридорот 8 и против интеграциите во ЕУ и против стратешкото пријателство со САД“, пишува аналитичарот Џевдет Хајредини во објава на Фејсбук.



„Така и Али Амети во текот на целиот јануари 2017 година дури и кога се знаеше дека во Скопје слетаа голем број високи функционери на ЕУ, САД, НАТО и големи држави како Британија, Германија и Франција, по 10 години заедничка власт, во последен момент му ја отсече Никола Груевски.

Ваквото однесување има за цел, исто така, од одговорност да се спаси себеси и двајцата „координатори“ на автопати кои не се изградени 20 години“, пишува Хајредини.