Премногу казанот на Западен Балкан го мешаат да излези нешто арно по нас. Тоа 30 години се случува и веќе сериозно губиме трпение.
Сврзаните садови на Западен Балкан од Босна преку Косово до нас, некако ги амортизираме со добрите договори со САД.
Благодарејќи на владата на ВМРО-ДПМНЕ постигнавме Стретегиски договор кој мораме уште повеќе да го надоградиме и усовршиме.
Се движиме некако но многу малку направивме по тоа прашање пред почетокот на Украинската Војна.
Работава заглави пред Бахмут како да е некакво предградие на Париз или Берлин.
Кога има ваква војна и ,,онгоинг” воена операција светот размислува се побрзо и побрзо.
Покрај стратегиската глупост на Бугарија наречена Бугари во Уставот како совршена агенда на Бугарија им виси повратен одговор за постоењето на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК и Македонска националност.
Тоа е таа помош на извонредните бугарски чудни кругови поврзани околу новиот ,,Ѕвон” на Бугарија.
И тоа треба да го издржиме и убаво исхендламе да ваквите акции за помош на Софија на Белград ги изамортизираме вешто.
Немам појма зошто ВМРО-ДПМНЕ не тропа на маса и не побара итно свикување во парламентот да се стават бугарите во уставот.
Да ставиме ЕНДЕ и ги придвижиме работите до нашите црвени линии. Впрочем бугарите во уставот не се наши црвени линии, односно се црвени линии на старата удбашко-комунистичка багра во Скопје која 50 години се што доби, а доби не на тоа што беа комунисти туку затоа што беа анти-бугари.
А бугарите и во тоа време, машала и не за жалење си го љубеа СССР, а сега остатоците од тоа што остана си ја слушаат Москва.
Елитите во Скопје 50 години да се заштитат себе и сукцесија на Македонија од СФРЈ се залагаа за константно непријателство кон Бугарија, Грција и албанците како и Република Албанија.
Тоа е тој надворешен и внатрешен непријател. Посебно смешните Ванчомихајловисти, работа која не постои и си била стамено договорена со Белград и УДБА.
Магнетот за сукцесори да си биде Ванчо, кој редовно ќе ги контролира и пријавува во Белград, да не забегаат. И тоа е тоа.
Ние имаме други проблеми. Како на пример земја на НАТО, нејзиниот претседател или министер за внатрешни, архив или тајни служби со лица со НАТО сертификат не го фатија авионот како Атина порано и да појдат во Рим да го разгледаат, а тоа е сега нормално, досието на Ванчо Михајлов.
Досието на контраразунавачките и безбедносни служби во Рим имаат документи за него ама и со детали со кого тој бил поврзан во Белград ама и Скопје.
Од тоа досие ќе ни се разјасни и нас но посебно на Софија. Софија НИКОГАШ нема да појде во Рим да го побара тоа а слушам се залагале кај нас тоа да не го правиме. Скришно и лекичко.
Стево Пендаровски за ова нема време, нормално, како и другиот кандидат за претседател Оливер Спасовски. Ајде потоа еден ден по избори. Се нема време.
За изгубеното време наречено Западен Балкан и новите констелации во него правени спрема интересите на Хрвати, Срби и Слбанци, Црна Гора и Република С. Македонија треба итно да мислат и итно да си бараат изземање од овој хаос.
Новата геополитика на Скопје треба под хитно да ги исчека изборите во Атина и Анкара и претседателот, (тешко дека овој премиер ќе го стори тоа) треба да си фати џаде во тие два града и да тропа на маса да Скопје биде заеднички интересен соодржател на Атина и Анкара каде би ко-оперирале а при тоа да бара да нашата земја да се екстрахира од Западниот Балкан и сите агенди.
Ова ќе е доволно да се размислува како Атина и Анкара е време да најдат еден заеднички интерес на кој би работеле заедно.
Нашите интереси ќе се следниве:
1.Напуштање на Западен Балкан и изместување кон медитеранот
2.Немаме време да се бафтаме со глупости и тоа може на Бугарија да им се соопшти додека итно го свикаме парламентот и бугарите внесиме во уставот со 100 гласови и кусур ,а можеби и 119
3.Атина и Анкара да се вратат на инвестициите и военото вооружување на нашата земја во однос 5-3 дефиниција која беше договорена на времето
4.Коридорот А 8 да си го протежираат и Анкара и Софија а коридорот А 10 да се грижи за него Атина
5.Со двете земји да бидат потпишани истоветни договори за стратегиски партнерства и да не си губиме време што други прават во Охрид. Време е некој од кај нас да си седне во Охрид заедно со победниците на изборите во Атина и Анкара и да си се договори за други теми.
Тоа што Заев и Забрчанец ќе си водат гајле за Опен Балкан тоа си е нивна работа. Тоа што МПЦ ќе си се однесува про-српски и про-руски може да се среди за кратко време.
Дали ова го разбираат во СДСМ и Претседателот? не.
Проблем е дали во ВМРО-ДПМНЕ ова го разбираат.
Дај да не си губиме врме со тој Западен Балкан, не ја бива работата. Нека си се договорат таму, ние тука сме.
Не чекајте да го решите проблемот со Бугарија направети и алергија со Атина и со Анкара, нека се чешаат.
Со нас се или со Белград и Москва, тие нека си размислуваат.
Дајте поофанзивна стратегија..прашање е дали ве бива или не во овие моменти.
Во барата има многу жабокречина, време е да се тропа по маса.
За нас се работи!
Пишува:Даме Чкатроски






