На западот не му е гајле за балканската демократија, Балканка добила мудар совет во Вашингтон

Една од најголемите критичари на српскиот претседател Aлександар Вучиќ која од Америка се бори за промени во Србија и регионот, добила совет според кој таа треба да ужива во САД и да не се занимава со Балканот затоа што западот не се грижи за иднината и демократијата во регионот.



Ивана Страднер објавува дека нејзин пријател кој знае многу за Русија и за Балканот и дал мудар, но тажен совет според кој таа треба да заборави на Балканот затоа што САД и западните земји веќе се откажале од него.

,,Не трошете ја вашата работа и време на Балканот – тоа е бескорисно и изгубена кауза. Западот ги повторува истите грешки што ги направи со Русија во 90-тите. Криминалот и корупцијата ќе продолжат да напредуваат, а Западот не се грижи за промоција на демократијата на Балканот. Луѓето не можат да ја најдат Србија ниту на мапа и никому не му е грижа. Уживајте во времето во САД – имате само еден живот и младост. Преместете се во Калифорнија и вашиот омилен Малибу и живејте го вашиот американски сон. Ако одлучите да останете во ДЦ, фокусирајте се само на Русија – тоа е важно. Заборавете на Балканот и помогнете им на вашите пријатели да се преселат од Србија (што го правам веќе 10 години)”, стои во советот што Страднер го добила од мудар човек во Вашингтон.

Страднер вели дека таа веќе го знае ова, но дека е добро да имаш искрени пријатели кои ти ја кажуваат грдата вистина колку и да е таа непријатна.