Паднал во отворена необележана шахта и починал

Маж на возраст од 68 години вчера почина по пад во необележана ископана шахта за одвод во село Катланово, соопшти Министерството за внатрешни работи.



.„На 21.04.2023 околу 10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с. Катланово имало паднато машко лице А.А.(68) во шахта. Според пријавеното, додека се движел пеш, А.А. паднал во необележана ископана шахта за одвод, по што починал“, се наведува во соопштението на МВР.

Смртта на 68-годишникот ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.