Безвременскиот мегахит на Гоце Николовски, „Бисер балкански“, со кој македонската музичка легенда триумфира на „Фолк фест Валандово“ во 1990 година, ги крена на нозе Македонците во Австралија благодарејќи на изведбата на „Некст тајм“ на нивниот концерт синоќа во Сиднеј.
„Нека се пее македонска песна низ цел свет.
Ви благодариме Сиднеј!!!!
WOW!!!!
Се гледаме и вечерва на исто место, во исто време!!!“, објави популарниот македонски бенд на Фејсбук.






