„Имаме заедничко минато со Македонија, луѓето од двете земји очекуват заедничка иднина…Ова е долготрајна теза на нашата партија“ изјави пратеникот на бугарската партија ВМРО-БНД и заменик-претседател, Милен Михов во мисија на бугарска ТВ
„Зборуваме за ова зближување уште од одамна. Тогаш тоа звучеше егзотично, но почнува да се реализира„, вели професор Михов, од Бугарското Национално Движење (ВМРО–БНД), националистичка политичка партија чиј лидер е Красимир Каракачанов.
Михов изјави дека треба да продолжи активната бугарска политика во однос на Западен Балкан. Според него, во дипломатија тоа одамна го немало.
Но, во последните 7 месеци, „благодарение на Обединетите патриоти во оваа влада, имаме активна надворешна политика насочена кон нашите западни соседи“, рече тој.





