По синоќешната сообраќајна несреќа во Скопје, во кое се преврте асмбулатно возило, Кумановската општа болница во моментов е без амбулантно возило за транспорт на пациенти.
Сообраќајка во Скопје: Се преврте албунатно возило
Останатите дури две, кои располага установата се на сервис, информираше денеска директорката на болницата Снежана Захариева.
Болницата го доби возилото за транспорт на критично болни пациенти како донација од невладина организација од хуманитарното здружение „И јас сум Матејче“, инаку донација од болницата Базел Швајцарија која беше предадена на кумановската болница, уште во мај 2021 за време на ковид пандемијата. Останатите две возила, пак, се на сервис, едното е со дефект, второто на сервис за поситна поправка.
Дотогаш болницата ќе позајмува возила од Здравствен дом и ќе ја чека испораката на возилото кое јавната здравствена установа го набавила со сопствени средства.







