Орбан за Украина во НАТО: Што?

Ова е реакцијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан на изјавата на Генералниот секретат на Алијансата, Јенс Столтенберг, дека „местото на Украина е во НАТО, и за тоа се согласиле сите сојузници“.



Столтенберг ова го изјави во американската база Рамштајн во Германија, каде што министрите за одбрана на земјите членки одржуваа состанок за Украина.

Изненадениот унгарскиот премиер реагираше со само еден збор на твитер. „Што?“ твитна Орбан.

Меѓутоа, германскиот министер за одбрана Борис Писториус, побрза да ја смири топката.

„На крајот, НАТО партнерите одлучуваат кој ќе стане членка. Во моментов го правиме тоа во разговорите околу Шведска. Но, ја потенцирам широката согласност. Но, тоа не е тема на денешната дискусија. Секоја одлука мора да биде донесена во моментот кога тоа прашање ќе биде решено. Или според мотото едно по едно“, рече Писториус.