Балтичкиот фудбалски клуб Тракаи не се откажува, па и натаму инсистира на исплата на поголема отштета за Максим Максимов кој есенва му се приклучи на Вардар. Рускиот напаѓач според Литванците заминал за Скопје за премала сума и сега тие случајот го враќаат во ФИФА со барање за нова финансиска добивка, но и за санкционирање на црвено црните. Вардар претходно плати 50 илјади евра за Максимов, а ФИФА го тогаш потврди трансферот.
Ако ФИФА суди и пресуди поинаку Вардар би можел да доплаќа за центарфорот, но може да добие и забрана за трансфери какви што во моментов издржуваат Барселона или Атлетико Мадрид.




