За Бајрам поевтино во однос на Велигден – краставици има и за 70 денари во некои маркети, ама на пазар „солено“

Овошјето и зеленчукот со попристојни цени за Бајрам во однос на Велигденските празници, иако тие и натаму се високи, поготово на зелените пазари. Граѓаните се пожалија дека поради скапотијата не можат да си купат се што планирале. Велат дека доматот на пазар може да се најде за околу 150 денари, а краставиците одат од 90, до 120 денари, а во дел од маркетите се наоѓаат и за 70 денари за килограм, иако пред две недели се продаваа за околу 200 денари.



И трговците кои речиси цел ден се на пазар признаваат дека нема големо намалување на цените, зашто производите доаѓаат од странство. Инаку мерката за ограничени цени на овошјето и зеленчукот истекува крајот на месецот, а потоа министерот за економија рече дека ќе имало и други мерки кои ќе ги соопштат за две недели.

Од Владата по кој знае кој пат рекоа дека казни за непочитување на мерката ќе има, ама кога никогаш не кажаа. Тоа најверојатно ќе се случи после празниците, кога ќе ги објавеле и имињата на тие кои ја прекршиле одлуката.

Оние кои сериозно го оштетија државниот буџет беа увозниците на овошје и зеленчук кои во Царина прикажувале лажни фактури за дебело да профитираат.

Колку за потсетување, откако владата ги ограничи цените на овојшјето и зеленчукот, доматите и краставиците ги снема од рафтовите на маркетите, а на зелените пазари се продаваа три парти поскапо.