
Универзитетскиот професор и довчерашен министер за правда Никола Тупанчевски ќе биде македонски амбасадор во Србија, неофицијално дознава „Фокус“.
Според нивните информации, се уште не е комплетирана целата процедура за негово упатување во Белград, но тоа треба да се случи во следниот период.
Во врска со оваа информација, „Фокус“ се обратил до Тупанчевски, кој кусо одговорил дека засега нема ништо официјално.
Инаку, тој беше именуван за министер за правда во владата на Димитар Ковачевски, но беше сменет во рамки на последната реконструкција.
Таа беше резултат на договорот на СДСМ и ДУИ со Алијанса за Албанците за влез во владата, по што нов министер за правда стана Кренар Лога.





