Крсто Мукоски, еден од шестемина притворени пратеници за настаните од 27 април, претрпел инфаркт и итно е префрлен од истражниот затвор во Шутка на Клиника за кардиологија, јави весникот на албански јазик „Љајм“ на својот портал.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Вевчани и татко на четири малолетни деца, кому Собрание му го одзеде имунитетот, Обвинителството го товари за „терористичко загрозување на уставниот поредок и на безбедноста“ како дел од групата од 36 лица.
Пред десет дена ВМРО-ДПМНЕ информира дека Мукоски веќе седум дена штрајкувал со глад и оти неговата состојба не е добра.





