Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се закани со кривични пријави за експертите што ќе бидат дел од работното тело за подготовка на уставните измени бидејќи, како што рече, тие ќе земат пари, а нема да сработат ништо.
„Нивната работа е беспредметна“, рече Мицкоски.
„Коалицијата ‘За обнова на Македонија’ нема да ја поддржи оваа иницијатива за отворање на Уставот.
Имаме поважни работи, нè крадат, здравството е катастрофа, децата немаат книги, дајте за тоа да зборуваме. Ова треба да го затвориме и да го игнорираме“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Макфакс







