Од алејата на поетите на кејот на истекот на Црн Дрим, исчезна бистата на македонскиот поет Славко Јаневски. При вообичаена проверка, на 19.04.2023 година (среда) беше утврдено дека бистата на поетот Славко Јаневски е откорната од постаментот, додека бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин беа видливо расклатени во очигледен обид да се откорнат од постаментите, јавуваат медиуми.



Исчезнувањето, односно кражбата е пријавена во полициската станица во Струга од страна на директорот на СВП, Тодорче Тасевски кој го осѝуди вандалскиот чин.

„ Настанот е пријавен во полиција од која очекуваме да ги пронајде и да ги казни сторителите на овој вандалски чин. Бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин ќе бидат превентивно и привремено дислоцирани за да се извршат потребните технички зафати за нивно поцврсто фиксирање на постаментите за да се оневозможат ваквите вандалски чинови, се наведува во соопштението испратено од НУМ „Струшки вечери на поезијата“.

Сличен вандалски чин се случи на 1 октомври 2021 година кога бистата на познатиот македонски поет Анте Поповски беше откроната од постаментот и беше фрлена во крајбрежјето. Истата беше санирана, дополнително зацврстена и вратена на постаментот.