Колозова за „Бехтел и Енка“: Со кој памет се џитна сè живо нив да ги дискредитира? Некој овде со ветерници се тепа?

Професорката Катерина Колозова од скопскиот Институт за општествени и хуманистички науки им се чуди на тие што го критикуваат договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници во Македонија.



„Компанијава е стара 125 години. Сè постјугословенско што е изградено од пат, коридор, они имаат направено – само ги прогуглав. И сето тоа е квалитетно. Не би знаела јас дали се они корумпирани, сум читала сешто, ама знам помалце од било кој коментатор пред кооперација. Само едно гледам, вака гуглајќи, нив секогаш и секаде очигледно си ги фаворизира секоја американска администрација.

Со кој памет се џитна сè живо нив да ги дискредитира, да се извикува наоколу колку се корумпирани и од каде идејата дека може да бидат кутнати? Некој овде со ветерници се тепа?

П.С. за работното време – да, тоа е ужасот на свирепиот американски капитализам. Сила Бога не моли. И токму тоа ви кажува дека сите загрижености околу евентуална коруптивност нема да имаат ефект“, констатира Колозова на Фејсбук.