
Европската Унија со многу забелешки во делот на владеењето на правото и борбата против корупцијата – пренесе ТВ24.
Ова го соопшти Евроамбасадорот Дејвид Гир на денешниот состанок во Влада, од каде порача дека иако ЕУ гледа некаков напредок во овие реформи, сепак истакна оти нивото на имплементација на препораките дадени од Европската комисија во однос на сузбивањето на корупцијата е разочарувачко.
Вицепремиерката за добро владеење пак Славица Грковска вели оти е крајно време институциите да ги почитуваат препораките од извештајот на Европската комисија, а не тоа да биде онака како што сега е нотирано во извештајот на антикорупциската комисија – само 10 отсто што е поразувачки резултат. Таа вели ќе остане строга, се додека институциите не си ја исполнат задачата.
Инаку овие пораки беа упатени од Влада, каде денеска се одржа работен состанок во рамки на континуираното мониторирање на исполнувањето на препораките наведени во извештајот од Европската комисија за 2022 година и националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси за 2021-2025 година.





