Православните Македонци од целиот свет го прославија Христовото воскресение, меѓу нив и македонската заедница во Канада, од каде што доаѓа фотографијата на денот, со која е овековечена божествената литургија за трет ден Велигден во македонската православна катедрална црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто.



Со литургијата чиноначалствуваше митрополитот Методиј, надлежен архиереј на Американско-канадската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).

Галерија фотографии од свечениот настан на Фејсбук-профилот на Зоран Карапанчев на линкот:

https://www.facebook.com/groups/203897086311812/permalink/6542520185782772/