Ковачевски на мака, влегува ли во војна со член 68 од уставот

Премиерот Ковачевски е на мака, откако станува извесно дека влегува во војна со член 68 од уставот.



Овој член предвидува дека Собранието врши контрола на Собранието и премиерот мора пред законодавниот дом да реферира за сите свои активности.

Во случајов група пратеници поаѓајќи од членот 68 од уставот и членот 112 од деловникот на Собранието бараат да бидат информирани за договорот со Бехтел и Енка поради кои треба да се сменат 8 закони.

Одбивањето на Ковачевски да ги послуша пратениците ќе значи негово однесување против уставот на Република Македонија.

Документот кој премиерот го става пред тежок избор: Да оди против уставот или да ја брани тајноста на скандалозниот договор.

Поврзана вест

Ќе плаќаме ли ние за диловите на Груби и Таче

Ќе добиеме ли тужба – Владата ја прекршила клаузулата за доверливост од договорот со Бехтел и Енка