Турција ги поткопувала односите на Македонија со Грција?!

Дел од севкупна стратегија на Анкара за зголемување на влијанието на Балканот, пишува грчки портал, била силната поддршка од Турција за членство на Македонија во НАТО, без решавање на прашањето за името, пишува грчки портал кој ги анализира турско-македонските односи за кои , наводно, имало загриженост и консулатции во ЕУ и во Германија(!?).



Написот доаѓа ден по посетата на турскиот потпретседател Хакан Чавушоглу и неговите средби со шефот на државата, Ѓорѓе Иванов и со премиерот Зоран Заев.

„Република Македонија високо го почитува пријателството со Република Турција, коешто се рефлектира со голем број турски инвестиции во земјата, со соработка во одбраната, со МВР, во областа на образованието, културата и новата Влада таа соработка ќе ја унапреди во интерес на граѓаните на двете држави“, истакнал Заев.

Тактиката што ја води Анкара веќе неколку години е поткопување на односите на БЈРМ со Грција, пишува порталот.

На дипломатско нивo, Турција ја призна  Македонија како „Македонија“ во 1992-та година, истовремено обезбедувајќи систематска поддршка на Скопје во сите меѓународни организации.

Улогата на Турција во Скопје, се чини,  постојано се надградува, на политичко, економско и културно ниво, во последниве години. Турското економско присуство се зголемува додека голем дел од турските бизниси (и банки) се активни кај соседот.

Сега Турција, наводно, станува трет по големина инвеститор во Скопје, пишува „Huffpost”.

Главното средство за турска „пенетрација“ е признатото турско малцинство во Македонија. Според Скопје, 80.000 Турци (4 отсто од вкупното население според пописот од 2001 година) претставуваат трета по големина етничка група во земјата. Т

Турската страна, се разбира, произволно му додава на малцинството и 100.000 Торбеши кој биле – исламски Словени.