Украина минатата недела доби ракетен систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ од Германија и тоа е првиот таков систем што Берлин го испраќа во Киев.



Украина тргнува во офанзива на 30 април

Во јануари, германскиот канцелар Олаф Шолц вети дека ќе и даде на Украина целосна батерија од системи Патриот, кои обично се состојат од четири до осум единици со по четири проектили.

САД, исто така, ветија две батерии „Патриот“ и кон крајот на март во Оклахома завршија обука на 65 украински војници да ги користат. Холандија вети две единици „Патриот“.

МИМ-104 Патриот е ракетен систем земја-воздух и е примарен таков систем што го користат американската војска и неколку други сојузници на НАТО.

Примарната функција на Патриот е да пресретнува и уништува непријателски проектили. Една таква батерија се проценува на 1 милијарда долари.