Катица Јанева е осудена на седум години затвор во случајот „Рекет“ за злоупотреба на службената положба и овластување, во „Идризово“ е ангаѓирана како – библиотекарка.



Таа беше приведена на 21 август 2019 година, а казната на Јанева ѝ истекува на 21 август 2026 година, но не е исклучена можноста за помилување.

Како што пишува новинската агенција „Макфакс“ таа и оваа година користела продолжен празничен викенд, а новиот директор на затворот, Зоран Јовановски информираше дека уредно се вратила во затворот и ги извршува редовните затворски обврски.

„Не знам точно кога излезе, но постапи според она што ѝ беше дозволено и се врати во затворот. Од утрово веќе ги извршува тековните затворски обврски.

Работи во библиотеката, библиотекарка е. Користи викенди и излези секогаш кога тоа го дозволува правилникот, работиме строго по него. Го добива она што ѝ следува во согласност со издржаниот дел од казната“, изјави Јовановски.