Откако премиерот Ковачевски ги повика САД и Турција да кажат дали има корупција во скандалозниот договор со Бехтел и Енка а потоа во соопштение на СДСМ беше спомената Америка како дел од договорот вчера партијата од Бихаќка повторно ја инволвираше американката амбасада во Скопје во корупциската афера.
,,Пратеникот Дарко Каевски од СДСМ во емисијата 24 Отворено рече дека договорот со Бехтел и Енка не се крие туку постои дел што означува доверливост и се прават анализи од институциите во консултација со стратешките партнери кој дел може да се објави”, изјави пратеникот кој на овој начин ја посоочи Агелер како дел во скандалот.
Единствена земја со која Макеоднија има потпишано договор за стратешко партнерство е САД која официјално не е дел од договорот меѓу Македонија и Бехтел и Енка.
,,Тоа е нешто што е воспоставена пракса и што дополнително ги согледува деловите од договорот кој во интерес на изведувачот не треба да се објават. Помпата што се прави околу тоа со цел да се нанесе штета на овој суштински важен договор за државата, дополнително го отежнува процесот и верувам дека нема да се случи. Верувам дека сите политички партии ќе се одважат да го поддржат договорот”, рече Каевски во емисијата Отворено.
Американската амбасадорка Агелер беше дел од церемонијата на почетокот на изградбата на коридорот 8 но таа како претставничка на САД, ниту некоја друга институција на САД, не е дел од договорот со Бехтел и Енка.
Сега според Каевски токму Агелер решава што може а што не може македонската јавност да види од скандалозниот договор со Бехтел и Енка.
Фактор што САД не е дел од односот меѓу Македонија и приватна комерцијална фирма не ги спречува Каевски и СДСМ да ја ги инволвира Агелер и САД во еден од најголемите корупциски скандали во историјата на Македонија.
Амбасадата на САД веќе петти ден молчи по јавниот повик од Ковачевски да каже дали има корупција во договорот со Бехтел и Енка.
Цела емисија Отворено со Младен Чадиковски






