Во пожар во болница во Пекинг вчера околу 13 часот по локално време, загинаа најмалку 29 лица.



На видеата кои се појавија на социјалните мрежи може да се види како од неколку болнички прозорци излегува чад и како луѓето се обидуваат да побегнат од огнената стихија, пишува Си-ен-ен

Некои спас побарале висејќи или седејќи на клима уредите, едно лице направило јаже од постелнина за да се спушти од прозорецот, а друго скокнало од подот до долната тераса.
Тоа е еден од најсмртоносните пожари во Пекинг во последните години.
Властите покренаа истрага, а во врска со инцидентот веќе се уапсени 12 лица.