Премиерот Ковачевски денеска се пофали дека бил носител на дигитализацијата на Македонија но фалбата траеше кратко затоа што експерт за дигитална трансформација му објасни на шефот на владата дека тоа што го прави е катастрофално решение.
Според експертот целта на планот на Ковачевски не е вистинска дигитализација туку обид да се вработат неколку илјади партиски војници.
Целиот одгогор на експертот кој планот на премиерот го нарекува Анти Дигитализација.
,,Се интензивираат процесите на дигитализација во сите сфери, преку дигитално вмрежување на институциите, се до обезбедување на дигитални лични карти.
Драго ми е што сум носител на јавните политики за создавање на нов, дигитален свет, кој ќе го подобри животот на нашите граѓани”, напиша Ковачевски по што веднаш доби контра-аргументи кои му ја рааскринкаа идејата.
Експертот на Твитер вели дека крева раце и дека од идејата на Ковачевски му иде да ископа дупка и да се закопа во неа.
,,Не можам више дигам раце. Не можам да се изначудам на нашата некадарност. Еве гледам најавава на владата за дигитална трансформација и ми иде да ископам дупка и да се закопам. Ја поголем оксиморон од програмава не сум видел. Пази сеа принцип на едношалтерски систем за услуги преку 333 пункта?!?! Па крсти го 333 шалтерски систем не едношалтерски. Господа, концептот на едношлатерски систем е немање на шалтер туку една контакта точка за сите сервиси (Сервисна Директива ЕУ). Ама ние сме изгледа авангарда па сеа смисливме 333 оne point of service.
Значи хаосот во бивша комерцијална ќе го распрскаме на 333 пункта. Ја со должно почитување како некој кој работи на оваа тематика од 2000 година ПОГОЛЕМА ГЛУПОСТ НЕМАМ СЛУШНАТО.
Ова што го читам е анти-дигитализација, пази ќе има и проритет за луѓе со посебни потреби.
Како замишљате, дека параплегичар место да има можност од дома да ја обезбеди услугата, ќе се домкне со количка и ќе има рампа на пунктот за колички па ќе биде среќен? Дајте бе веќе баталете да бидете инвентивни се ви е напишано само следете. Немојте да мислите ништо ве молам.
Едноставно е.
1. Имате центална локација за услуги
2. Има интероп
3. Поработете на дигитализација на бек офис процеси по институции
4. Применете го once-only принципот кој ви е пропишан со Законот за услуги
5. Плаќајте редовно струја и комуникации и не чепкајте ништо
Експертот вака го опишува процесот за кој зборува Ковачевски:
1. Шефе имам идеја! Не еден, 333 шалтери, едно општество за сите во секое село
2. Ајде нова набавка
3. Ајде 333 пункта пута Х вработени има да вработиме уше 2-3000 партиски имбецили
Прекинете да јадете печурки, не се издржуе ова више.
Не можам више дигам раце. Не можам да се изначудам на нашата некадарност. Еве гледам најавава на владата за дигитална трансформација и ми иде да ископам дупка и да се закопам. Ја поголем оксиморон од програмава не сум видел. Пази сеа принцип на едношалтерски систем за услуги 1/х
— Mr. Tepes (@Andon_USA) April 18, 2023
Се интензивираат процесите на дигитализација во сите сфери, преку дигитално вмрежување на институциите, се до обезбедување на дигитални лични карти.
Драго ми е што сум носител на јавните политики за создавање на нов, дигитален свет, кој ќе го подобри животот на нашите граѓани. pic.twitter.com/evXmkuSaht
— Dimitar Kovachevski (@DKovachevski) April 18, 2023






