Кристијано Роналдо ќе биде во составот на Реал Мадрид за утрешниот меч со Барселона. Португалецот доби удар во финалето на Светското клупско првенство, не тренираше неколку дена и беше под знак прашање, но сега е извесно дека тој ќе биде дел од 236-тиот Ел Калсико натпревар. Тој е утре од 13 часот на Сантијаго Бернабе, а во него Барса влегува со 11 бодови предност и со големи шанси да си ја врати титулата особено ако остане непоразена при ова гостување кај Реал.
Роналдо до сега има 17 гола во Ел Класико дуелите.




