„До денеска бев пратеник од Сојузот на Ромите во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а од денеска ќе делувам како пратеник од Сојузот на Роми“, изјави денеска пред почетокот на продолжението на собраниската седница Амди Бајрам.
Лидерот на Сојузот на Ромите уште вчера најави „повлекување“ од коалицијата, со надеж дека би можел да ѝ се придружи на пратеничката група на ДУИ, но оттаму ја отфрлиле таквата можност.
„Има шанси со ДУИ, ќе видиме, во моментов размислуваме и не можам ништо да кажам, да видиме како ќе се развиваат работите. Ако најдеме заеднички јазик, ќе може“, рекол Амди Бајрам, како што пренесе Алсат-М.
Но, координаторот на парламентарната група на ДУИ, Ејуп Алими дециден: „Амди Бајрам не може да биде дел од парламентарната група на ДУИ. Тој може да дејствува како независен пратеник, но не и како наш пратеник“.





