Во своето обраќање до Грците во странство по повод божикните и новогодишните празници грчкиот претседател Прокопис Павлопулос индиректно ја спомена и Македонија.
Јасно мислејќи на северниот сосед, Павлопулос нагласи дека „почитувањето на постоечките граници е неопходно“, осудувајќи ја „употребата на имиња кои, не само што ја фалсификуваат историјата, туку исто така промовираат иредентизам, сосем спротивно од европското право“.
Тој исто така повика на почитување на човековите права, „првенствено на правото на сопственост и на правата на малцинствата“.





