МВР: Фатен како вози со 246 км на час

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.04.2023) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што биле санкционирани 244 возачи.



МВР сподели фотографија направена од полициски радар која сведочи дека е фатен возач кој итал со својот автомобил со брзина од дури 246 километри на час.

Сопоред МВР 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 99 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 145 надвор од населено место.