Министерот за надворешни работи Бујар Османи реагира со контраобвинување на обвинувањето од ВМРО-ДПМНЕ дека на прес-конференцијата по средбата со шпанскиот колега Хосе Мануел Албарез Буено во петокот се обрати и на албански јазик, прекршувајќи го Уставот, според кој во меѓународната комуникација на државата службен јазик е исклучиво македонскиот.



„ВМРО-ДПМНЕ сè повеќе прераснува во шовинистичко здружение кое не ги почитува ни своите поддржувачи кога на светите празници изнесува лаги и невистини, а уште помалку останатите граѓани, кои постојано ги навредува и омаловажува, ширејќи етничка омраза и нетрпеливост“, реагира Османи на Фејсбук.