Во руското оружје пронајдени се кинески делови – тврди Украина

Кабинетот на украинскиот претсетдател Володимир Зеленски денеска соопшти дека кинески делови се пронајдени во руските ракети.



Советникот на Зеленски, Владислав Власиук изјави дека во запленетото и пронајденото оружје на бојното поле биле пронајдени различни електронски делови.

Трендот сега е да има помалку компоненти произведени на Запад, но повеќе, не е тешко да се погоди, компоненти од Кина, истакна Власиук.

Кина постојано негира дека испраќа воена опрема во Русија од почетокот на инвазијата на Москва на Украина во февруари 2022 година.