Словачка ѝ даде 13 „МИГ“-ови на Украина

Словачка ѝ предаде на Украина 13 борбени авиони МиГ-29, соопшти Министерството за одбрана во Братислава, јави Ројтерс.



Авионите беа ветени како поддршка против војната на Русија.

Во март, Словачка и се придружи на Полска и, како и Полска, вети дека ќе и помогне на Украина да ја одбие руската инвазија со тоа што ќе и обезбеди авиони од овој тип.

Минатиот месец Братислава ги испрати првите четири борбени авиони во Киев.