Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел денеска ќе биде одликувана со германски орден за заслуги, јави ДПА
Орденот ќе и го врачи претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер.
Досега, добитници на престижниот германски орден беа канцеларите Конрад Аденауер и Хелмут Кол.
Вршителот на должноста канцелар Олаф Шолц се очекува да присуствува на доделувањето во палатата Белви во Берлин.
Самата Ангела Меркел има поканети вкупно 20 гости. Покрај нејзините роднини на Меркел, ќе бидат присутни и политички поддржувачи на долгогодишната политичарка. Меркел беше канцелар на Германија од 2005 до 2021 година.






