Зошто МПЦ-ОА дозволи министер да ја злоупотреби црквата за политичка пропаганда во Ерусалим

Македонската православна црква Охридска архиепископија е злоупотребена во обидот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да се наметне како кандидат за претседател на Македонија на следните претседателски избори.



Од засега непознати причини Спасовски кој е сериозен претендент да му ја земе кандидатурата на Пендаровски станал шеф и на државната и на црковната делегација која присуствуваше на церемонијата за преземање на благодатниот оган во Ерусалим.

Освен тоа што е крајно невообичаено министер за полиција да оди по огнот нејасно е како МПЦ-ОА дозволила Спасовски да биде шеф и на делегацијата на Македонската православна црква.

Според црковните правила црковни великодостојници не можат да бидат потчинети на политичари ниту министрите можат да бидат надредени на владици и други членови на клирот.

Иако тој може да шефува само со владината екипа Спасовски сам се пофали дека ќе шефува и со црковната делегација во Ерусалим а МПЦ-ОА молчи за оваа ситуација со која црквата се става во подредена улога пред политиката и владата.

,,Оваа година ја имам честа да ги предводам државната и црковната делегација од Република * Македонија, во чиј состав се министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорот на Државната комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Митрополит тетовски-гостиварски Јосиф, а по повод учество на церемонијата „Преземање на Благодатниот оган во Ерусалим” во Базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, Државата Израел”, објави Спасовски јасно укажувајќи дека тој му е шеф на владиката Јосиф како претставник од МПЦ-ОА.

Освен злоупотребата на македонската црква од функционерите на СДСМ во Ерусалим целосно нејасно е зошто МПЦ-ОА се согласила политичари да ја користат црквата и благодатниот оган на Велигден за политичка пропаганда.