На Ќафасан вратен албански свештеник опасен по националната безбедност на Македонија

Муслимански свештеник кој се смета за дел од системот за регрутација и испраќање на Албанци во воените единици на Исламската држава не успеал денеска да влезе во Македонија.



Според документите од официјални безбедносни служби кои се појавија на интернет денеска е одбиен влез на Албанскиот имам Ахмед Калаја, за кој е утврдено дека е ризик по националната безбедност во Македонија.

Повеќе години, Ахмед Калаја се посочува од безбедносните служби како инспиратор на граѓани на Албанија и регионот за учество во исламски вооружени формации во Сирија и Ирак.

Според објавените документи Калаја се обидел да влезе во земјава на граничниот премин Ќафасан кај Струга каде откако е пропуштен од албанската полиција не успеал да влезе во Македонија согласно одредби од Законот за странци.